Популарниот актер прележал корона и опиша чудни симптоми: „Се чувствував како очите да ми се три броја поголеми“

Истурка, но не му било лесно

Хју Гранд се инфицирал со коронавирусот во почеток на пандемијата, а сега во интервјуто за „Д лејт шоу“ (The Late Show) проговори за својата борба со болеста. Британскиот актер опиша чудни симптоми што му се појавиле по заразата, а првпат, тврди, прекумерно потење.

Набрзо добив чувство дека очите ми се три броја поголеми. Подоцна почнав тешко да дишам, како да ми седи голем човек на градите“, објасни актерот.

Потоа го загубил и осетот за вкус  и за мирис.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Grant (@hughgrantphotos)

Го мирисав секое цвеќе, ја бутнав главата во канта за ѓубре… Сакав да го намирисам секој странец што поминуваше покрај мене. Кога се вратив дома, се намирисав со парфемот на жена ми и не го почувствував“, раскажа актерот.

Освен него, се заразила и неговата сопруга Ана Еберстин која ги имала истите симптоми. И двајцата успешно закрепнаа од болеста и немаат последици.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.