Топ-фризури што нема да ги расипе носењето заштитна маска (ФОТО)

Креативни решенија

Заштитните маски и модата се тесно поврзани откако завладеа пандемијата на коронавирусот. Било да се еднобојни или шарени, заштитните маски станаа задолжителен моден додаток.

Земајќи предвид дека здравјето треба да ни биде на прво место, ви преставуваме неколку модерни фризури што можете да го носите безда се плашите дека заштитната маска ќе ви го наруши изледот на косата.

Наместо секој прамен да го исплетете во плетенка, едноставно засукајте го, заврзете го со лентички во боја и ќе добиете совршена фризура. Стилизираната коса нема да ви пречи при носење на заштитната маска, ниту ушите ќе ви изгледаат лошо ако ги помести маската.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah 🦁 (@guessarah)

Ако маската ви го нарушува изгледот на ушите, закачете ја со некоја украсна шнола. Ќе се изненадите колку убаво може да изгледа маската во комбинација со косата собрана во високо опавче или кок.

Еве неколку креативни решенија:

 

Фризурата што неодамна ја носеше Кортни Кардашијан стана светски хит. Високо коњско опавче, но само до половина така што задниот дел од косата слободно да паѓа – стана нов тренд. Вака наместената фризура нема да се помести дури и ако заштитната маска ја носите неколку часа.

 

Сега можете да си играте со боите најмногу досега. Тонирајте ја косата во која било боја и еден дел вклопете со заштитната маска. Можете да бојадисате само неколку праменчиња или половина од косата. Модерно е косата да биде бојадисана во две бои.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🦡 Tom Badger 🦡 (@tombadgerhair)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.