Славната актерка се разведува по 18 години брак: Бракот не ѝ е бајка, туку пекол

Во јавноста се совршена двојка...

Веќе некое време се шпекулира дека холивудската актерка Џулија Робертс се разведува со кинематографот Дени Модер. Неговата сестра Џил Модер повеќе пати зборуваше дека нејзината снаа е умислена, разгалена дива, која бара посебен третман не само за себе туку и за своите деца, па кога ги вози на училиште бара да ѝ се обезбеди посебен паркинг, додека, пак, нејзините деца јадат само избрани оброци.

И остатокот од семејството на Модер не ја поднесува, па наводно сите се движат како „по јајца“ кога Џулија е во просторијата за да не испровоцираат нејзин напад на бес. За Дени се пишува дека е склон на прељуба и дека токму тоа ја излудува актерката, а што е вистина од сето ова – не е точно утврдено. Во секој случај, и покрај тоа што се во брак 18 години, на секои неколку месеци се слуша дека се разведуваат.

Меѓутоа, медиумите сега пишуваат дека двојката се разведува, а новост е тоа што разводот би можел да ја чини актерката 200 милиони долари, пренесува entertaintimes.com.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Исто така, се пишува дека славната двојка постојано се расправа. Близок извор открил дека Дени се чувствува беспомошно бидејќи што и да направи не може да ја задоволи Џулија. Смета дека и таа би требало да се потруди да им успее бракот, а не само тој. Се зборува дека Џулија и Модер имале голема караница за време на нејзиниот 52 роденден, кога наводно заклучиле дека е време да му стават точка на својот брак.

И покрај тоа што во јавноста се претставуваат како цврста двојка, тоа го прават само за да не им се расипе репутацијата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.