Понижувачки и одвратно: Вака кралското семејство ги тестира кандидатите за работа во палатата!

Неверојатно

Покрај подготвеноста за патување и врвна дискреција, на кандидатите им се поставува и еден „суптилен предизвик“

Во одредени периоди се укажува можност за работа за кралското семејство, без разлика дали кралицата бара послуга во дворецот Виндзор или принц Чарлс се надева на совршена асистентка која ќе му помогне со организација на работното време.

Но обожавателите на сопружниците принц Вилијам и Кејт Мидлтон се развеселија поради неодамнешната вест дека вработуваат нов член на послугата кој ќе им помогне во одржувањето на домот во палатата Кенсингтон.

Понудата за работа била огласена на официјалните веб-сајтови на кралското домаќинство и опишана е како возбудлива можност за работа за кралскиот пар и вклучување во позитивен тим во весела работна атмосфера. Секако, постои одреден кодекс на однесување до кој сите пријавени за оваа работа мораат да се придржуваат додека работат за војводата и војвотката.

Важно е да покажат подготвеност за патување, бидејќи парот често поминува време во својата резиденција во Норфолк, заедно со нивните три деца.

Но постои и едно особено строго правило до кое идните потенцијални вработени на кралското семејство мораат да се придржуваат. Според зборовите на близок извор, во кралското семејство постои нула толеранција за озборување, а во огласот за работа пишува дека поединците мора да биде одлични во одржувањето на доверливоста и дискрецијата.

Трејси Ватермен, кралска шефица за вработување, исто така открила дека постои и суптилен предизвик со кој се одлучува кој кандидат ќе ја добие работата.

„Еден од тестовите што обожавам да ги правам за да проверам дали кандидатот има потенцијално око за детали, е поставувањето мртви муви во каминот или на тепихот. Кога ќе ја поставам мртвата мува, ги внесувам кандидатите во собата. Ги внесувам прилично бавно, давајќи им можност да погледнат што имаме во собата. Ги доведувам до каминот и нагласувам дека сме добиле прекрасен нов камин. Во овој момент очекувам дека ќе ја видат мртвата мува и се надевам дека ќе ја соберат. Тоа е одличен тест, од десет луѓе можеби половина ќе ја забележат мувата. А еден од десет ќе се наведне и ќе ја собере. Е, личноста што ќе го направи тоа е идеална за оваа работа“, открила Ватермен, а Британците кратко кажале што мислат за тоа:

„Ова е мизерно, понижувачки и срамно. Тестирате луѓе според тоа дали ќе видат мува и ќе ја соберат, грозно!“

Каква е Кејт Мидлтон во приватниот живот: Жена која навистина го живее она што јавно го зборува!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.