Сите зборуваат за тоа колку се здрави, но овие 9 намирници можат да ви го нарушат здравјето!

Само умерено

Ретко кој знае за нивните несакани ефекти

Сите досега имаме многу прочитано за намирниците и здравата исхрана, како и придобивките што храната ги има за здравјето и изгледот. Сепак, за некои работи мислиме дека се многу поздрави одошто навистина се или дека немаат несакани ефекти.

Но вистината е потполно поинаква. Науката вели дека следниве намирници и напивки, сепак, може да имаат свои последици…

1. Вода со лимон

Иако го поттикнува метаболизмот и го буди организмот, поради својата киселост, водата со лимон може да ги влоши проблемите со желудочната киселина, како и да ја оштети забната глеѓ. Стоматолозите препорачуваат да пиете лимонова вода со сламка и веднаш по испивањето исплакнете ја устата.

2. Чај

Сите знаеме дека црното кафе може да остави дамки на забите или да ја промени нивната боја, но истото тоа може да го направи и чајот. Оваа напивка содржи повеќе танин од кафето, па со пиењето чај, всушност, постои и поголема веројатност за промена на бојата на забите. Тука може да ви помогне пиењето чаша вода по чајот.

3. Суво овошје

Многу луѓе ги заменуваат десертите со суво овошје, бидејќи станува збор за поздрава варијанта, но и во овие производи има многу шеќери, а некогаш и вештачки бои, кои оставаат дамки на забите. Освен тоа, сувото овошје може да го намали природното производство на плунка. Со оглед на тоа што плунката помага да се елиминираат бактериите во устата, ако нејзиното производство се намали, може да дојде до проблеми со оралното здравје.

4. Нискокалорична храна

Повеќе од 80% од луѓето ги враќаат килограмите или барем дел од нив, кога ќе завршат со диетата. Научниците веруваат дека виновник за тоа е нискокалоричната храна. Кога внесувате помалку калории одошто му се потребни на телото, метаболизмот забавува. Таквата исхрана не содржи доволно протеини, што може да се одрази и на мускулната маса. Наместо да броите калории, експертите советуваат да внесувате доволно протеини и да почнете редовно да вежбате.

5. Протеински прашок

Иако е точно дека протеините се клучни за мускулите и снагата, дополнителното внесување преку суплементи, всушност, не ви е потребно ако внимавате што јадете и внесувате доволно од овие важни нутриенти преку исхраната.

6. Зелено смуди

Ова е тренд веќе со години и се верува дека е одличен за здравјето, но зеленото смуди, всушност, не може да ви ги донесе придобивките што можат да ви ги донесат овошјето и зеленчукот во природен облик. Таквите сокови содржат малку влакна, кои се клучни за правилно варење и одржување здрава телесна маса.

7. Редуцирано внесување јаглехидрати

Експертите советуваат никако да не пробувате диети кои подразбираат драстично намалување на количината на внесени јаглехидрати. Иако тоа може да ви помогне да ја намалите телесната тежина, одбегнувањето на здравите извори на јаглехидрати, всушност, може да го зголеми ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

8. Кокосово масло

Иако има многу единствени квалитети, кокосовото масло подобро е да се користи поретко одошто секојдневно, бидејќи е исклучително богато со маснотии, па може да предизвика покачен холестерол и со самото тоа ризик од срцеви болести.

9. Намирници без глутен

Исхраната без глутен е важна за луѓето кои боледуваат од целијакија, но доброволното преминување на ваквата исхрана кај луѓе што не страдаат од оваа болест може да го наруши здравјето. Најголемиот број намирници кои содржат глутен, содржат и бројни нутриенти важни за здравјето, а од друга страна, голем дел од храната без глутен е полна со шеќери и калории.

10 совети од нутриционист за брзо отстранување на масните наслаги од стомакот: Лесно е и секој може да го стори тоа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.