Целиот свет мисли дека шведскиот модел е најдобриот начин на воспитување деца: Сè што е дозволено кај нив, кај нас е незамисливо

Родителство

Шведскиот модел на воспитување е нешто што целиот свет го признава како исклучително добар начин на воспитување

Во некои нордиски земји, вклучувајќи ја и Шведска, сосема во ред е да се остава бебето во количка на ладен воздух, додека кај нас тоа е незамисливо. Своевремено, една Швеѓанка во САД се соочила со тужба за злоупотреба на детето откако го оставила своето бебе во количка пред ресторанот. А тоа е само еден детаљ по кој шведскиот стил на воспитување се разликува од другите.

Го опишува зборот „лагом“, што значи умерено, совршено едноставно или во рамнотежа. Швеѓаните се придржуваат до оваа идеологија речиси во сите активности, вклучувајќи го и родителството. Еве како ја применуваат во тој случај…

Им дозволуваат на децата да си играат надвор и покрај студот

Тие се водат по шведската изрека: „не постои лошо време, само недоволно топла облека“. Без разлика дали паѓа снег или е сончево, родителите во Шведска им дозволуваат на децата да си играат на отворено. И покрај ладното и лошо време, децата во градинка поминуваат време на отворено барем еден час во денот. Носат топла облека, а училиштата имаат машини за сушење алишта и фен.

Не им забрануваат да учествуваат во ризични активности

Шведските родители им дозволуваат на децата да се занимаваат со авантуристички активности, како пливање или качување на дрвја. Им дозволуваат на децата да бидат љубопитни. Интересно е тоа што оваа земја може да се пофали со една од најниските стапки на смртност на деца предизвикани повреди во светот.

Мажите се горди на тоа што се грижат за своите деца

Во повеќето шведски семејства, мажот и жената еднакво ги делат задачите. Мажите се многу горди што ги хранат своите деца, што ги пресоблекуваат, што ги земаат по училиште… Затоа и во машките тоалети исто така се поставени маси за превивање бебиња, а мажите слободно можат да го напуштат работното место кога, на пример, треба да го носат детето на доктор.

Според „Њујорк Тајмс“, татковците во Шведска, исто како и мајките, земаат породилно за да се грижат за своите новородени бебиња, што е особено важно за закрепнувањето на мајката по породувањето. Исто така, се нудат бројни постпородилни погодности. Родителите имаат 480 дена платено отсуство кое можат да го поделат, а 90 дена имаат непренослив одмор, само за татковците.

Малите деца немаат многу организирани активности

Шведските родители се многу заштитнички настроени кога станува збор за слободното време на нивните деца. Не брзаат да ги пријават на секакви воннаставни активности, како спорт, музика, јазици. Од друга страна, родителите во многу други земји поголемиот дел од своето време го поминуваат возејќи ги своите деца на часови по клавир, фудбал, пливање и друго. Во Шведска родителите се поопуштени и повеќето деца со текот на времето ќе одберат активност што им се допаѓа.

Краток работен ден

Тоа е уште една работа што го олеснува родителството во Шведска. Родителите на деца помали од осум години можат да работат шест часа дневно, а не осум. Поради тоа не им недостига време за дружење со децата.

Детски права

Шведските родители ги поттикнуваат своите деца да ги изразуваат мислите и идеите. Им даваат поддршка и нега кои им се потребни за да пораснат во стабилни, возрасни луѓе. Всушност, Шведска била една од првите земји што ја донела ОН конвенција за права на децата. Исто така, прва ги забранила сите форми на телесно казнување на децата. Шведска е прогласена за најдобра држава на светот во однос на грижа за децата, а одлично место е и за родителите.

Ова се најдобрите совети што можете да ги добиете кога станува збор за воспитување деца
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.