Ова се најчестите грешки во уредувањето на ентериерот – речиси сите правиме некои од нив!

Дознајте

Се вели дека секаде е убаво, но дома е најубаво

Секој сака да си го уреди својот дом според свој вкус. Меѓутоа, понекогаш не е лошо да се послуша по некој добронамерен совет од експерти.

Минатата година поминавме повеќе време дома од вообичаено. За жал, бевме принудени на тоа, но во секој случај, дома секогаш би требало да се чувствуваме пријатно и удобно. Па затоа, треба да се придржуваме до следниве совети на експерти за да ги одбегнеме најчестите грешки при уредувањето на ентериерот и за домот да ни биде уште поубав и поудобен…

Премал тепих

Ако тепихот е премал во однос на големината на собата или мебелот, сè изгледа многу тесно и не толку пријатно. Секогаш одбирајте големина на тепих, така што страните ќе му ѕиркаат најмалку 30 сантиметри.

Совет: Ако не сте сигурни дали одговара големината при купувањето тепих, измерете ја должината и ширината и залепете ја формата на подот со леплива лента. Со оваа рамка ќе можете отприлика да видите колкав ќе биде тепихот и како ќе се вклопи со преостанатиот мебел според димензиите.

Ја блокирате дневната светлина

Надворешната светлина не само што ја прави собата посвежа, туку и докажано му дава енергија на нашето тело. Па затоа, важно е да не ставате големи билки или прибор и украси покрај прозорецот, за да не ја блокирате дневната светлина. Наместо тоа, подобро е на прозорската штица да поставите само мали кактуси, а саксиите со растенија да ги поставите на ѕидот во кујната.

Исклучиво бели ѕидови

Колку што е бојата на ѕидовите посветла, толку посилен е впечатокот дека собата е поголема. Тоа е вистина, но ова правило повеќе се однесува на малите соби со малку дневна светлина. Колку што е просторијата поголема и колку повеќе светлина влегува, толку поважно е да акцентирате некои делови. Тоа можете убаво да го изведете со помош на обоен ѕид кој ќе ја направи собата повозбудлива. Внимавајте бојата на ѕидот да одговара на ентериерот. Добро е да обоите само еден ѕид во собата за изгледот да не биде премногу нападен. Во најдобар случај, тоа би требало да биде блиску до прозорецот за да може бојата да дојде до израз.

Завесите висат прениско

За да изгледа секоја соба поголема, секогаш треба да поставувате завесите што поблиску до таванот. Колку што е таванот повисок толку завесите треба да бидат подолги. Подобро е да имате малку простор помеѓу горниот раб на прозорецот и завесите отколку завесите да бидат предолги и на подот.

За дом како од бајките… без да инвестирате денар во нов мебел!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.