Поглед во иднината, анализа и предвидувања – Економист: Светот во 2023-та

Во продажба е годишнникот на престижниот „Економист“, кој петти пат излегува на македонски јазик под ексклузивна лиценца на компанијата „Колор медиа плус“.

Добре дојдовте во „Светот во 2023-та“, добропознатиот водич за следната година. Неговите дописници и надворешните експерти ги разгледуваат испреплетените предизвици со кои се соочува светот: војната во Украина, високите цени на храната и горивото, борбата против инфлацијата, транзицијата кон обновливите извори на енергија и неизвесниот пат на Кина по пандемијата.

По две години во кои пандемијата беше силата што ја обликуваше блиската иднина, сега главен двигател е војната во Украина. Во следните месеци, светот ќе мора да се фати во костец со непредвидливоста во врска со влијанието на конфликтот врз геополитиката и безбедноста; борбата за контрола на инфлацијата; хаосот на енергетските пазари; и неизвесниот пат на Кина по пандемијата. За ситуацијата да биде уште покомплицирана, сите овие работи се цврсто поврзани, како меѓусебно поврзана серија на запченици, вели Том Стендиџ, уредник на The world ahead 2023. 

Во магазинот можете да прочитате десет теми и трендови што треба да се набљудуваат идната година според изборот на Стендиџ, предвидувањата на еминенти државници, политичари и новинари, вклучувајќи ги предвидувањата на амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Метју Лосон,  на шефот на делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, Н.Е. Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија, амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ. Во продолжение, ви пренесуваме дел од интервјуата што можете да ги прочитате во македонската секција на магазинот.

МЕТОДИЈА МИРЧЕВ, извршен директор на А1 Македонија: „Со додадена вредност, уникатни понуди и софистицирана мрежа, градиме доверлив однос со корисниците“.

Воведовме нови продукти со можност за неограничена комуникација, многу повеќе содржини, дигитални алатки и канали за полесен пристап, како и низа поволности за корисниците, кои придонесоа за помало оптоварување на домашниот буџет.

КУРТХАН АПАЈДИН, главен извршен директор на „Лимак Скопје“: „Diamond of Skopje – комплексен проект што ги поместува границите на урбаното живеење“.

Diamond of Skopje е голема гринфилд-инвестиција и е многу значајна, како од аспект на влез на свеж капитал во земјата, така и од аспект на поттикнување на низа придружни економски активности.

Владимир Стајиќ, генерален менаџер на „Супертрејд“: „Супертрејд“ преку локални и меѓународни партнерства придонесува за економски и социјален раст и развој на Северна Македонија.

Генералниот менаџер на компанијата „Супертрејд“, официјален носител на лиценца на светски познатиот американски бренд Gulf Oil, Владимир Стајиќ, смета дека во вакви кризни времиња може да опстанат оние кои се адаптираат на промените и продолжуваат да инвестираат во раст и развој и намалување на непродуктивни трошоци.

НИКОЛАС ТРЕАНД, претседател и извршен директор во бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед: „Реализацијата на проектот Иловица-Штука може да биде клучен фактор за надминување на економската криза и за подобрување на перформансите на македонската економија.“

Вредноста на проектот Иловица-Штука е уште поголема ако се земе предвид фактот дека со неговата реализација би се обезбедувал бакар во следните децении, кој е критичен минерал потребен за предвидената трансформација во „зелената“ одржлива економија.

Разговаравме со Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком, за достигнувањата во годината што измина, идните планови, трендовите во индустријата и можностите што ги отвораат новите технологии.

Нашата мрежа е основа на новото дигитално општество. За само 18 месеци целосно ја модернизиравме мобилната мрежа, поставивме 900 нови базни станици и го зголемивме капацитетот на 4G дури 70 %. Први ја воведовме 5G-мрежата во Македонија и сега 26 градови можат да користат 5G-услуги.

Достигнувањата и прогнозите на преостанатите експерти во областа на економијата и бизнисот во рамките на македонската секција можете да ги ѕирнете ТУКА.

Годишникот на престижниот „Економист“ веќе е во продажба во сите поголеми маркети и на поголемите трафики во државата.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.