Каква година ни претстои? Прочитајте во „Економист: Светот во 2023-та“

Прогнозите и предвидувањата на најеминентните експерти, новинари, државници и политичари собрани во годишникот на престижниот „Економист“.

Годишното издание „Економист: Светот во 2023-та“, кое кај нас излегува под ексклузивна лиценца на „Колор медиа плус“, претставува своевиден поглед во иднината од страна на експертите, пред сè во економските и геополитичките текови во светот, вклучувајќи ја и нашата земја.

Ретроспективно, пандемијата го означи крајот на периодот на релативна стабилност и предвидливост во геополитиката и економијата. Денешниот свет е многу понестабилен, згрчен во перипетиите резултат на ривалствата на големите сили, дополнителните потреси заради пандемијата, економските преврати, екстремните временски прилики и брзите социјални и технолошки промени. Непредвидливоста е „новото нормално“. Од тоа нема бегање. Но се надеваме дека читањето на Светот во 2023-та ќе ви помогне со самодоверба да се соочите со новата реалност, порачува Том Стендиџ, уредник на The World Ahead 2023.

Во продолжение, ви пренесуваме дел од интервјуата што можете да ги прочитате во македонската секција на магазинот.

Јубилеј 20 години Adora Business Group – Бизнис и географска диверзификација

„Само делата се вистина“, корпоративното мото под кое Адора инженеринг е основана во 2002 година, е потврдено со 40 изградени репрезентативни станбени и деловни објекти во Македонија, Србија и Грција. На изградена површина од 400.000 м², во 3.000 висококвалитетни домови и стотици ексклузивни деловни простории, денес среќно живеат и работат над 13.000 граѓани, што е еднакво на еден македонски град.

ИВАН ЃУРОВСКИ, финансов директор на Пантелеон ГС: „Во Пантелеон ГС постои заедничка точка што ги поврзува сите вработени, а тоа е атмосферата која е пријателска и непосредна“

Нашите заложби се да придонесеме за развој на македонската економија, а преку овој сегмент директно влијаеме на намалувањето на невработеноста и зголемувањето на животните стандарди, порачува Ѓуровски.

НИКОЛА ПЕТРУШЕВСКИ, директор на myWORLD Македонија: „За очекување е на површина да излезат квалитетни и иновативни решенија, но само за оние кои се подготвени да ги прифатат промените“.

Мое мислење е дека следната година најсилен удар ќе доживеат малите и средни претпријатија, кои ќе мора да изнајдат креативни начини за да се одржат во неизвесноста што претстои, порачува Петрушевски, меѓу другото, и додава:

Би сакал да им посакам успешна година на сите чинители на економијата во државата, а на нашите потрошувачи уште многу предности и бенефиции при пазарење кај трговските партнери на myWorld групацијата.

ЗЛАТКО АНЧЕВСКИ, ко-сопственик во Ексклузив инженеринг: „Секој бизнис носи свој ризик, но без ризик нема успех“.

Нашата најголема борба во 2023-та година ќе биде да дојдеме до убави локации и на клиентите да им обезбедиме сигурен, квалитетен простор за домување, заклучува Анчевски.

МАРКО ЛОПИЧИЌ, генерален директор на МТЕЛ во Северна Македонија: „Понудата на иновативни и привлечни дигитални содржини е клучна за нашите корисници“.

Наш корпоративен код е фокусот секогаш да биде на корисничкото искуство и неговото подобрување, вели Лопичиќ, меѓу другото, и додава:

Нашите вредности и заложби за кратко време беа препознаени од македонските корисници и сега можеме да се пофалиме со солидна бројка на корисници на услугите на МТЕЛ, која верувам дека во текот на 2023 година значително ќе се зголеми.

Достигнувањата и прогнозите на преостанатите експерти во областа на економијата и бизнисот во рамките на македонската секција можете да ги ѕирнете ТУКА.

Ако 1 јануари 2022 година изгледаше како излез од пандемијата и темнината што траеше две години, приближувањето на 1 јануари 2023 година изгледа како отворање на друга врата во хорор-филм, зад која може да има или спас, или друго уште полошо чудовиште и кошмар, смета Жикица Милошевиќ, уредник на „Светот во 2023-та“.

Преостанатите содржини и комплетните интервјуа можете да ги прочитате во годишникот на престижниот „Економист“, кој веќе е во продажба во сите поголеми маркети и на поголемите трафики во државата.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.