Предвидувањата на „живиот Нострадамус“ за 2023 се сурови: Најбогатиот човек ќе го промени светот, а ОВА се заканува дека ќе нè уништи

Што нè чека?

Ако Илон Маск е витез темплар кој го брани новиот поредок, кој или што би можело да биде Антихристот? На ова прашање одговорот го дава таканаречениот „жив Нострадамус“

Атос Саломе, попознат по прекарот жив Нострадамус, вели дека ја видел иднината и верува дека Третата светска војна би можел да ја предизвика Илон Маск, кој ќе се бори против Антихристот.

Антихристот доаѓа, но тоа не може да биде еден од најбогатите луѓе на светот, тврди Саломе за кого многумина се уверени дека е наследник на познатиот пророк.

Атос Саломе, истражувач на паранормалниот свет, веќе има изјавено дека сопственикот на „Тесла“, „Спејс Екс“ и „Твитер“ би можел да биде витез-темплар и дека во 2023 година ќе се врати Антихристот.

И покрај тоа што водичот на Руската православна црква, патријархот Кирил го опишал враќањето на Антихристот на начин што ужасно потсетува на Илон Маск, според теоријата на Бразилецот, тој, всушност, ќе стане негов непријател.

Патријархот Кирил во јануари 2019 ја предупредил јавноста да биде претпазлива кога користи мобилен интернет, бидејќи тој претставува можност за стекнување глобална контрола над човечката раса. Со други зборови, Антихристот ќе ја добие својата моќ преку Интернетот.

„Антихристот е човек што ќе биде на чело на Интернетот, ќе го контролира целото човештво“, открил тогаш Кирил.

Атос Саломе сега вели дека психијатарите веќе укажуваат на тоа дека самиот мобилен телефон е можен антихрист на модерната ера, бидејќи неговото враќање е преку технологијата, а не преку личност.

Бразилецот, исто така, ја цитира психијатарката Ан Беатриз Барбос, која во бразилски подкаст рекла дека во апокалипсата со луѓето ќе се доминира мирно и тоа ќе биде обележано со знак на челото и дланката. Овој знак може да се протолкува и како самиот мобилен телефон, бидејќи уредот кога ќе се стави на дланка, својата светлина ја рефлектира точно во центарот на челото.

Во врска со милијардерот Илон Маск и револуционерната технологија, бразилскиот пророк вели:

„Запомнете дека минатата година моето пророштво укажа на овој претприемач и го предупреди човештвото дека во новиот поредок ќе го брани витез-темплар, кој евентуално би можел да се бори против таканаречениот антихрист. Мисијата на витезите-темплари  била заштита на луѓето кои сакале да стигнат до Светата земја“.

Конфликтот помеѓу денешниот витез темплар и антихристот би можел да ја предизвика Третата светска војна.

Атос нагласува дека антихристот нема да дојде од познатиот прв свет, туку од држава што е внатре во друга држава, како што е Рим. Тој верува дека материјализацијата на оваа митска фигура би можела да произлезе од новите технологии, вештачката интелигенција и роботиката.

„Сите неодамнешни настани што се случуваат во светот, од пандемијата на коронавирус до геноцидот во Иран, се некако меѓусебно поврзани“, смета Атос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FELIPE ASSIS (@outrofellipe)

Технологијата би можела да биде антихристот

Објаснувајќи ги своите предвидувања за иднината, 36-годишниот пророк рекол дека тие потекнуваат од проучување окултизам, математички формули и пресметки и дека тие проучувања се засновани на Кабалата.

„Моите визии и предвидувања се засновани на науката и наследството од моите предци. Науката не го одобрува паранормалното, туку ја докажува технолошката наука, бидејќи истото нешто се користи на различни начини, вклучувајќи ја Кабалата, која ги проучува најголемите мистерии во универзумот. Едноставно е – моќта е во вас“, заклучил Атос.

4 најстрашни пророштва на Стивен Хокинг: Едно од нив веќе се оствари!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.