ЕСГ во 2024: Глобални трендови, локална применливост и одржливи инвестициски стратегии

Економист: Светот во 2024-та

Вториот панел на The Economist, the World Ahead Meet UP, организиран по повод промоцијата на шестото издание на годишниот на престижниот Економист, кој нашите читатели имаат можност да го читаат на македонски јазик благодарение на ексклузивната лиценца што ја поседува компанијата Колор медиа плус, беше насловен: ЕСГ во 2024: Глобални трендови, локална применливост и одржливи инвестициски стратегии, а го модерираше Наташа Велковска, ПР-менаџер во Represent Communications. 

Премин од доброволно во задолжителното известување за одржливост во ЕУ и САД. Глобална промена на берзите. Напори за унифициран систем за цени и тргување на јаглеродот. Фокус на природата и биодиверзитетот. Борба против т.н. гринашинг практики. Поширок фокус на луѓето, управувањето и влијанијата врз заедницат…

Овие трендови укажуваат дека 2024 ќе биде трансформативна глобално, но како тоа ќе се одрази локално елаборираат панелистите:

Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, македонска компанија со 100 годишна во која се спојуваат две големи светски корпорации Кока Кола и Хајнекен и неминовно за Пивара Скопје ЕСГ е стратешки приоритет години наназад.

Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка која работи на принципот на одржливо банкарство и известува за своите ЕСГ активности при што посебен фокус е ставен на влијание врз животната средина и општественото опкружување, како резултат на деловните активности на банката и од портфолиото на финансираните клиенти.

Д-р Ана Пепељугоска, адвокат партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски, кое повеќе од 2ипол децении застапува застапува компании како што се: Микрософт, Гугл, Мерцедес, Пивара Скопје, Тиквеш и многу други.

Александра Томиќ, новинарка со долгогодишно искуство, сертифицирана со Блумберг ЕСГ сертификат и во моментов на позиција уредник на Блумберг Адрија Дигитал.

Пивара Скопје е компанија со 100-годишна традиција, а тоа значи дека бараме стратешки партнери со кои имаме заеднички интерес за остварување на нашите цели и стратегии – свет без отпат и свет без јаглеродни емисии. Како сме препознанени? Задоволство ми е да споменам дека сме препознаени во светски рамки, за што сведочат признанијата што ги добиваме со години. Се стремиме да бидеме компанија пример на темата одржлив развој, порачува Душан Митрев, и додава:

За нас ЕСГ е начин на живот, не сметаме дека е нешто што треба да ни е наметно, бидејќи е дел од нашата долгорочна стратегија. Мора да придонесуваме за општеството и за заедницата во која живееме. Ние сите наши планови ги проткајуваме со ЕСГ-елементи: веќе две години ја имаме ииницијативата Генералка-викенд за собирање отпад, потоа Сончева гора (акција за пошумување) на која сме особено горди како главни покровители, би ги споменал и сите наши безалкохолни пијалаци кои имаат прицврстени пластични капачиња за да можат полесно да се собираат назад.

Низ секоја поединечна единица ги имплементираме политиките што се групациски битни и тоа ни носи задоволство. Ние веќе 10 години го билдаме овој систем -ЕСГ. Ги мериме сите аспекти и известуваме за нив – создаваме импакт-извештај видлив на нашата веб-страница, за сите аспекти во рамките на нашата институција, за начинот на кој се создава корпоративната култура. Ние сме единствената зграда во Македонија, за жал, која има сертификат дека мартеријалите од кои е изградена се создадени со помала потрошувачка на енергија, користиме електрични возила, открива Емилија Спировска, и додава:

Инвестиции во одржливоста се исплатливи во подлг рок, а од нив сите имаат бенефит. Наша практика е прекинување на соработката со секој клиент кој ѝ нанесува штета на средината, тоа е таа принципиелност, не можеме да мериме се’ низ призмата на профитот, пораката на ЕСГ е: Профит НЕ по секоја цена!

Интересно е да се забележи дека владее мислење дека ЕСГ е нешто ново и дека ја обележува денешницата каков што е примерот со вештачката интелигенција. Меѓутоа, ЕСГ е нешто кон кое треба сите да се стремиме, без разлика дали има законска обврска или не. Сите треба да се грижиме за обезбедување еколошка благосостојба. Законодавството малку заостанува кога станува збор за заштитата на животната средина, за жал, затоа е неопходно да почнеме и да ја подигнеме еколошката свест дека заштитата е нешто што треба да го правиме за нас, д-р Ана Пепељугоска, и додава:

Ние сме пионери во многу правни сегменти, но во однос на ЕСГ добивме сугестија од странски клиент, кој ни рече дека треба да добиеме ЕСГ-сертификат за да соработуваме со него. Процесот на сертификација не беше едноставен, иако ние во многу наши сегменти бевме ЕСГ – проблемот беше јазикот на документите потребни за сертификацијата. Политиките за заштедата на електричната енергија, за селектирање на отпадот, пред се’ на хартијата, која кај нас ја има многу, сето тоа го применуваме ЕСГ.

Искрено, мора да кажам дека во последниот период многу нешта се сменија кај нас, но не и во доменот на медиумите, кои речиси и да не обрнуваат значење на оваа важна тема. Кога берзата ги донесе насоките за ЕСГ, на компаниите им беше наложено, ако сакаат, во финансискиот извештај да известуваат за овие теми, но тоа беше дочекано ‘на нож’ од страна на Стопанската комора, и токму тоа ги инспирира медиумите да известуваат на оваа тема. Ние во Македонија не сме ни блиску до некоја регулатива која ќе им наложи на компаниите да известуваат и да се однесуваат ЕСГ. Доста компании во одржливоста гледаат трошок, наместо профит, вели Александра Томиќ, и додава:

Најголем предизвик, за нас како Блумберг Адрија, е да се најде релевантен соговорник на оваа тема, а и ние новинарите би требало да научиме повеќе за оваа тема.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.