Шест физички особини кои децата најчесто ги наследуваат од татковците

Верувате ли во ове сознанија?

Но што наследуваат од мајките…

На часовите по биологија научивме дека половина од нашата ДНК ја наследуваме од нашата мајка, а половина од нашиот татко. Овој факт, сепак, не значи дека секој родител дава подеднаква количина на генетски карактеристики на своето дете. Всушност, децата имаат 60% поголема веројатност да ги наследат активните особини од нивните татковци, едноставно затоа што природата претпочита да ги изразува тие гени.

Многу е поголема веројатноста децата да ги наследат овие шест физички особини од својот татко отколку од нивната мајка.

1. Висина
Висината на една личност е одредена од најмалку 700 генетски варијации наследени од двајцата родители. Сепак, се чини дека генот за висина на секој родител функционира на малку поинаков начин. На пример, гените на таткото се важни за поттикнување на растот, а со тоа и на вкупната висина.

2. Здрави заби
Во случаи кога таткото има лоши заби, поверојатно е дека детето почесто ќе посетува стоматолошка ординација за разлика од неговите врсници, дури и ако неговата мајка има цврсти и здрави заби.

3. Пол
Татковците се 100% одговорни за полот на новороденчиња. X и Y хромозомите, попознати како полови хромозоми, го одредуваат полот на детето. Девојчињата наследуваат Х-хромозом од својот татко, што резултира со генотипот XX, а момчињата наследуваат Y хромозом, што резултира со генотип XY. Бидејќи мајките пренесуваат само Х-хромозоми, татковците имаат целосно влијание врз полот на детето.

4. Дупчиња на образите
Во многу култури дупчињата се сметаат за знак на убавина и привлечност, но научниците ги опишуваат како недостаток предизвикан од скратените мускули на лицето. Се претпоставува дека дупчињата се наследени, бидејќи се доминантна генетска особина и почесто се наследени од таткото.

5. Отпечатоци од прсти
Нема два отпечатоци кои се сосема идентични, секој е единствен и уникатен. Сепак, отпечатоците од прстите на бебето можат да личат на отпечатоците на таткото. Шемите на отпечатоци од прсти се генетски особини наследени од нашите татковци.

6. Кивање
Многумина од нас познаваат барем една личност која неконтролирано кива додека гледа во некаква силна светлина. Ова е уште една генетска карактеристика за која е одговорен таткото.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.