Цеца ги закука ракавите: Без ова јадење нема слава кај Ражнатовиќ, се подготвува брзо и лесно, а на сите им се допаѓа (фото)

Вакво нешто многумина никогаш не пробале!

Рецепт на Цеца Ражнатовиќ за пита со печурки…

Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од познатите јавни личности која не обожава да поминува време во кујната, но сепак отстапува од тоа правило по повод специјални прилики.

Па така беше и овој пат, фолк дивата ги засука ракавите и за кратко време со едноставни намирници направи специјалитет кој ги воодушеви сите членови на семејството Ражнатовиќ.

„Сакам да мирисам на парфем, не на запршка“, рече Цеца во една прилика, па додаде:

„Мајка ни уште од мали не учеше како се подготвуваат разни специјалитети, но од денешна гледна точка ќе излажам ако кажам дека обожавам да готвам. Не го сакам тоа, не ме интересира. Да се разбереме, кога би морала, секако дека тоа би го правела. Не ми е проблем да месам, сукам и готвам, но тоа го правам само за специјални поводи и одбрани луѓе“.

За кругот на семејството, во пресрет на празниците, Цеца се одлучи за пита со готови кори и многу печурки.

Состојки:
– 500 грама кори за пита
– 500 грама печурки
– 2 мали страка праз
– 100 милилитри масло масло
– газирана вода
– прашок за пециво
– мешавина од зачини, бибер, сол

Подготовка:
Празот ситно се сечка и се динста на масло додека да омекне, па се додаваат печурките и зачините. Треба да се крчка додека течноста не испари. Земете три кори. Првите две премачкајте ги со масло и вода, а врз третата додадете ја смесата со печурките. Свиткајте во ролна и ставете во плех обложен со хартија за печење. Повторувајте ја постапката додека имате намирници. Печете на 180 степени додека кората не порумени.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.