„Економист: Светот во 2024-та“ прв открива каква година ни претстои

Промоција на годишното издание на престижниот „Економист“.

Годишното издание „Економист: Светот во 2024-та“, кое кај нас излегува под ексклузивна лиценца на „Колор медиа плус“, претставува своевиден поглед во иднината од страна на експертите, пред сè во економските и геополитичките текови во светот, вклучувајќи ја и нашата земја.

Фото: Jérôme Berthier

Животот брзо ви се урива. Без разлика дали станува збор за порастот на вооружените конфликти, повторното исцртување на мапата на глобалните енергетски ресурси или брзиот напредок на вештачката интелигенција (ВИ), светот се менува со неверојатна брзина.

Од ситуацијата на Блискиот Исток до усвојувањето на електричните возила, па до третманот на дебелината, работите изгледаат многу поинаку отколку пред само една или две години. Нашата цел е да ви помогнеме да го ажурирате вашиот поглед кон светот – и да ви кажеме што може да следи понатаму, порачува порачува Том Стендиџ, уредник на The World Ahead 2024.

Прогнозите и предвидувањата на најеминентните експерти, новинари, државници и политичари се собрани во годишникот на „Економист“, кој својата промоција ќе ја има утре, во Холидеј ИН, со почеток во 11 часот. Покрај промоцијата на магазинот, ќе се одржат и три панел-дискусии во кои ќе учествуваат експерти од областа на економијата и бизнисот.

1. ЕСГ во 2024: Глобални трендови, локална променливост и одржливи инвестициски стратегии.

2. Истражување на трговските трендови, предизвици и можности за 2024 година.

3. Дигитална иднина на бизнисот: Технологија, иновација и трендови во 2024 година.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.