Ако мажот стане молчалив или ве игнорира, сетете се на Сократовиот цитат кој совршено ги толкува овие знаци!

Мудри зборови на Сократ

Фото: Pixabay

Молчењето не е секогаш знак на согласување, напротив, честопати е пасивно-агресивен став кој уништува

Не зборуваме за пријатна тишина меѓу партнерите, туку за оној вид на тишина со која вашиот партнер или сопруг, буквално ве казнува.
Што кога мажот станува молчалив? Тогаш, жените обично се преиспитуваат дали направиле нешто погрешно, со што го повредиле и слично.

Ако страдате поради тоа што сопругот или партнерот ве казнува со молчење, сетете се на овие Сократови зборови:

„Ако ви одговориле со молчење, тоа не значи дека не ви одговориле.“

Еве што може да значи молчењето:

1. Во многу случаи, партнерот молчи и ве игнорира, бидејќи навистина не се грижи за вас.

2. На партнерот поважно му е да го добие тоа што го сака, а вашите чувства не му се толку важни. Тоа е манипулативен потег, молчењето е оружје. Тој има јасна визија зошто го користи.

3. Тој едноставно нема што да ви каже. Тишината значи дека постои празнина во вашата врска и вашите чувства. Не сака да размислува за тоа и нема што многу да каже.

Дали разликата во годините е важна во врската? Колку може негативно да влијае на неа?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.