Вики Димчевска со јасна порака ја завршува 2022 год :,,Иднината на сите жени во нашата земја е резултат на тоа што го правиме СЕГА за нив”

„Разбирам како жена, решавам како маж - ТОА СУМ ЈАС !“

Прочитајте го нашиот инспиративен разговор со Вики Димчевска

Скопјанката Вики Димчевска е урбана, солидарна и успешна деловна жена. Таа е менаџер за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор, општествено одговорна личност и амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија , прогласена од НЧП .

Заедно со госпоѓицата Тијана Ристовска која е застапничка за правда за деца и млади и младински активист, ја организираа панел-дискусијата „Низ сивите очила на правдата“, како крај на 16-дневната кампања ОБЕДИНИ СЕ!, чија цел е ставање крај на насилството врз жените и девојчињата.

Вики Димчевска и Тијана Ристовска, организаторки на панел дискусијата во EUROPE HOUSE SKOPJE

„Како независни жени поединци и самоуверени жени секогаш го слушаме нашето срце и нашиот ум , и секогаш знаеме што треба да направиме. Затоа одлучивме да бидеме организатори на панел-дискусија под слоганот ‘Низ сивите очила на правдата’, што беше одлична можност да го одбележиме крајот на 16 дневната кампања ОБЕДИНИ СЕ! – активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, а воедно и денот на Човековите права, која се одржа на 10.12.2022 во EUROPE HOUSE SKOPJE. Целта како независни поединци ни е да го подигнеме нивото на свеста во нашето општество, да покажеме дека жената не е сама, да дадеме придонес од информативен карактер за подобра иднина и просперитет на жените во Р.С.Македонија“, објаснува Вики Димчевска.

Панелисти на панел дискусијата се адвокат Ана Колич Огненовска и Ива Наскова млад европски амбасадор

Таа верува дека чесноста, посветеноста, мотивацијата, влијателноста и професионалноста треба да им бидат заштитен знак на независните жени поединци кои се борат за заштита на жените и девојчињата кои се жртви на насилство.

„Да бидеме нечија инспирација, а не само импресија! Иднината на сите жени во нашата земја е резултат од тоа што го правиме или не го правиме СЕГА за нив! Затоа да бидеме жената што ја поправа круната на другите жени, без да покажеме пред светот дека е накривена“, вели нашата соговорничка.

Панелисти на панел дискусијата се Новинари за човекови права и Студентско собрание на УКИМ

На прашањето како е да се биде жена, таа вели дека ништо не е толку лесно колку што изгледа.

,,Да се биде жена е ужасно тешка задача бидејќи жената треба да се справи со маж. Промената е најтешка за жените кои не почнуваат со промена. Самиот старт на промената е успех бидејќи тогаш сме стапнале на теренот каде што секоја победа е победа над себеси. Јас и Тијана Ристовска, како организатори и добри домаќини на панел дискусијата со почитуваните панелисти, гости и драги пријатели, разговаравме на повеќе теми поврзани со заштита на жените, разменивме искуства и испративме пораки. Една од темите на која посветивме поголемо внимание беше: Дали овој неуспех да се применат постојните закони и процедури против насилството врз жените и девојчињата , често се должи на постојаното прашање за родовите стереотипи?“

2022 година дефинитивно била нејзина година на полето на успеси на професионален план и  во борбата за заштита на женските права, а доказ за тоа е признанието за најдобар менаџер на маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор, што го добила од градежната фела.

„Ова признание за мене е мотив да продолжам посилна, повредна и поуспешна во новата 2023 година. Мојата задача која е претворена во рутина низ годините е токму таа: да им го понудам вистинскиот дом на моите клиенти, точно да препознаам кој клиент што сака. Со секој следен успешен проект имам уште поголема одговорност да бидам уште подобра и покреативна следниот пат. Мојот фокус останува на квалитетно работење. Моето мото во животот е: ‘Успехот е пат, а не крајна дестинација!’“, открива Димчевска.

 

Со проф.д-р Ванчо Чифлиганец, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

„Денес имам чест и прилика да му го честитам роденденот на проф. д-р Вачно Чифлиганец, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИНВЕСТИТОРЕ!“

За крај Вики Димчевска порачува:

„ЖЕНИ, да си бидеме поддршка едни на други! Време е да го кренеме гласот и да му се спротивставиме на насилството! Време е да говориме отворено и да дадеме поддршка на сите жени кои се соочиле со насилство, да не трпат, туку да побараат помош! Обединети сите жени заедно да кажеме НЕ за насилството врз жените!“

Целта на Вики Димчевкска е преку својот личен пример да биде инспирација и сила за другите жени
Агенција за недвижности Букефал АС – Скопје, Мелита Котеска и Вики Димчевска

„За крај, им посакувам среќна Нова година на сите читатели на порталот и списанието УБАВИНА & ЗДРАВЈЕ“, порачува Вики Димчевска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.