Тој е убедливо најубавиот маж на светот: Нема конкуренција, дури ни Бред Пит не може да се рамни со него!

Му нема рамен

Роберт Патинсон официјално е најубавиот маж на светот според математичкиот златен пресек

Славниот актер Роберт Патинсон важеше за еден од најатрактивните актери откако се прослави во „Самрак“. Меѓутоа, тој и официјално е прогласен за најубавиот маж на светот, според математичкиот златен пресек.

Имено, златниот пресек претставува равенка за мерење на убавината врз основа на пропорциите. Мерењето се врши според следниов принцип: се поставуваат пропорциите што се сметаат за најпријатни за окото, а потоа се мери колку објектот им се приближува на тие златни пропорции.

Интересно е што златниот пресек го користел и познатиот уметник Леонардо да Винчи како модел за совршено машко тело во еден од своите најпознати цртежи „Витрувијанскиот човек“.

Зошто токму Роберт Патинсон?

Златниот пресек се применува на 12 специфични мерења на лицето на човекот со помош на софтвер за мапирање на лицето. Мерењето го правел доктор Џулијан Де Силва, кој води Центар за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон. Докторот потоа продолжил да анализира светски познати лица кои се најблиску до златниот пресек.

Истражувањето покажало дека токму лицето на Роберт Патинсон се вклопува 92,15 отсто со златниот пресек на убавината. Меѓу сите познати лица што биле анализирани, актерот бил дефинитивниот победник. Според параметрите на златниот пресек, Роберт Патинсон има совршена положба на очите, челото, должина и ширина на носот, усните, брадата, како и форма на лицето.

Освен Патинсон, во трка за најубав маж биле и Хенри Кавил, кој го зазел второто место 91,08 отсто. Потоа, Бредли Купер, кој исто така добил 91,08 отсто, додека познатиот Бред Пит го зазел четвртото место со 90,51 отсто поклопување со златниот пресек.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.