Починал синот на милијардерот и супермоделката: Пред 4 години бил уапсен и тогаш неговиот живот се претворил во кошмар!

Тажно

Безживотното тело на Хари Брант било пронајдено во недела, неколку дена пред да отиде во центар за рехабилитација

Хари Брант, син на милијардерот Питер Брант и супермоделката Стефани Сејмор, починал на 24 години. Безживотното тело на младичот било најдено во недела, неколку дена пред да оди во центар за рехабилитација.

Според медиумите, Хари починал од случајно предозирање по многу години борба со зависности. Во официјалното известување за медиумите, семејството го изразило својот очај и беспомошност во борбата за животот на Хари.

„Засекогаш ќе бидеме тажни што неговиот живот го скрати оваа ужасна болест. Хари постигна многу за 24 години, но никогаш не доби шанса да види уште колку може да направи во животот. Тој не беше само наш син, тој беше прекрасен брат, внук, вујко и драг пријател. Хари беше креативен, драг и голема душа со која можеше да ги развесели другите. Беше прекрасен однатре и однадвор“, пишува во соопштението на семејството.

Хари зад себе ги оставил неутешните родители, постариот брат Питер (27) и помладата сестра Лили (16).

Во тинејџерските денови се занимавала со новинарство, пишување колумни и интервјуа. За жал, животот на Хари тргнал наопаку во 2016 година кога бил прв пат уапсен поради поседување наркотици. Набрзо го напуштил факултетот и неколку дена пред смртта требало да оди на лекување во рехабилитациски центар.

Родителите на Хари се надевале дека така ќе ја победи болеста од зависности и дека ќе му се врати на новинарството и пишувањето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.