3 навики што ја блокираат среќата: Кога ќе го промените ова, сè ќе ви оди од рака!

Совет на експерти

Фото: Unsplash

Сè е возможно, а ако се ослободите од овие навики, и вие ќе се уверите во тоа

Дали сонувате за подобар живот, но сите важни чекори ги одложувате за утре? Така годините се поминуваат, ништо не се менува, а вие секој ден сте сè понезадоволни. Ако ви се чини дека нешто ве кочи, а вие давате сè од себе, можеби грешите во ова! Психологот Аманда Кровел објаснила и кои навики ви стојат на патот кон среќата и успехот.

„Запомнете дека сè е во ваши раце и дека сè е возможно ако навистина го сакате. Добрите навики и позитивното размислување се клуч на секој успех. Вистината со која многумина не сакаат да се соочат е дека тие самите се виновни за својот неуспех. И тоа не само поради недостиг на талент или труд, туку поради ограничувањата што самите си ги поставуваат“, објаснува Аманда.

Овие 3 ментални блокади ве оддалечуваат од успехот…

1. „Мислам дека не можам да го направам ова“

Докажано е дека визуализацијата на успехот помага во постигнувањето успех, а важи и обратното. Ако верувате дека не можете да направите нешто, постои голема веројатност дека нема ни да го постигнете тоа. Уверувањето дека не можете нешто, честопати вклучува и неточни претпоставки или ограничувачки сценарија кои постојат само во вашата глава. Кровел го објаснува тоа со постоењето страв кај секого од нас кој нè спречува да пробуваме нови работи.

„Во суштина, сè е возможно, само кога ќе се осмелиме да пробаме. Дозата страв е сосема нормална“, вели таа.

2. „Не сум доволно добра за ова“

„Кога почнував со работа како претприемач, ми се јавија страшни сомнежи и бев уверен дека не можам да го остварам тоа, но годините покажаа дека сум бил во целосна заблуда“, рекол еден од нејзините пациенти.

Аманда објаснува дека оваа бариера многу лесно се надминува. Потребно е само да разговарате со луѓето кои поминале низ слична ситуација. Ќе сфатите дека сите се сомневале во себе, во поголема или помала мера, кога тргнале на патот кон успехот. Кога ќе сфатите дека не сте сами и дека и други луѓе имале слични ментални блокади, полесно ќе се осмелите да тргнете понатаму.

3. „Тоа се очекува од мене“

Аманда открива дека работела со многу луѓе кои јуреле по туѓи соништа, живееле туѓи приказни, обидувајќи се да ги постигнат работите што се очекувале од нив, наместо тоа што навистина го сакале.

Решението е да бидете потполно искрени кон себе и сосема искрено да си признаете себеси што навистина сакате. Вашиот живот е ваша работа, затоа правете го она што вам ви одговара, а не она што другите го очекуваат од вас и ве убедиле дека морате да го правите.

Психолозите се едногласни: Ако ги имате овие навики, никогаш нема да постигнете ништо во животот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.