По тешкиот период, Северина повторно насмеана, но во несекојдневно издание (ФОТО)
Ретро-стил
По празниците, Северина и Игор Којиќ заминаа во Монте Карло, од каде што пејачката објави разгледница која им се допадна на нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Она што е несекојдневно на фотографијата е стајлингот на популарната Севе, кој потсетува на 1950-тите години, и тоа само поради марамата што пејачката ја избра за главен моден додаток на својот аутфит.
View this post on Instagram
Северина им се заблагодари и на родителите на својот сопруг, Драган Којиќ Кеба и Оља Којиќ, за поддршката и љубовта што ѝ ги даваат во овој период на неизвесност, како што самата истакна во објавата на Инстаграм.
Оља и Драган, најдобрата свекрва и свекор на светот. Денес нè однесоа на ручек кај Мика. Моето семејство во светот на неизвесност, љубов и поддршка. Прекрасно е што ги имам“, порача Северина на социјалната мрежа.