Ана Николиќ ги повлече сите обвинувања стравувајќи од поранешниот сопруг: Раста ѝ се заканил

Фото: Иван Вучевиќ

Поп-пејачката ги избриша обвинувањата на Раста од својот инстаграм-профил.

Ана Николиќ ги повлече обвинувањата против нејзиниот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, а се шпекулира дека на тоа ја поттикнала нејзината поранешна свекрва.

Таа од својот инстаграм-профил ги избриша статусите во кои тврди дека Раста психички ја малтретирал, дека ѝ го киднапирал четиримесечното бебе и дека е официјален член на кланот на Вељко Беливук. Но

Имено, кога сфатила дека со Раста нема игра според нејзините правила и дека поради долгиот јазик може да го загуби старателството над ќерката Тара, Ана замолчила.

Раста и претходно ѝ се закануваше дека ќе ѝ го одземе детето, но сега работата навистина излезе од контрола. Ана во афект напиша секакви работи, но очигледно сфати дека претерала и дека тоа може скапо да ја чини. Ниту Ана, ниту Раста не се невини, па најдобро е да не ја откриваат својата приватност, особено што имаат заедничко дете. Ана сфати дека може да остане без ќерката, а таа ѝ е целиот свет, па замолчи, изјавил за „Свет“ добро информиран извор.

Ана очигледно многу ја изнервирала заканувачката порака што ѝ ја испратил Раста.

Добро запомни, никогаш во животот нема да ти дадам ни денар, бидејќи откако им се закани на моите родители со испраќање на тој срамен клип, можеме само да се видиме на суд. Во нашата врска/брак не си платила ниту една сметка за струја, јас ти го реновирав станот и се’ уште е во таква состојба бидејќи ти си емоционален и функционален инвалид. Немаш еден ден работен стаж, секоја турнеја, албум ги помина на терапија и го откажа само затоа што си мрзлива. Сепак, погрижи се случајот да не се претвори во „занемарување на детето“, што е кривично дело поради кое се оди во затвор. А знаеш дека ти не би поминала ни кај стручниот асистент приправник на судскиот вештак. И сега убаво…“

Очигледно оваа порака многу ја изнервирала популарната пејачка, која му возврати:

Вакви пораки читам шест години и молчам, но веќе не ми паѓа на памет. Г-дин Стефан Ѓуриќ Раста, многу близок соработник на Вељко Беливук, го киднапира моето четиримесечно бебе под смртни закани. Мислам дека доста молчев и трпев ментална злоупотреба. Од овој момент, секој ден ќе читате за господин Раста, официјален член на тимот на Вељко Беливук, кој ги меле луѓето во мелница за месо.

Фото: Иван Вучевиќ за www.svet&scandal.rs

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.