„Нашата љубовна приказна“: Славниот музичар вака соопшти дека ќе стане татко (ВИДЕО)

Апсолутно романтично

Малума и Сузана ја почнаа врската во август 2020-та, а ја потврдија дури една година подоцна. Тие неколу години биле само пријатели бидејќи, според колумбиските медиуми, Сузана била во брак, а Малума ја чекал да се разведе.

Малума го објави музичкиот спот за неговата песна Procura со кој им приреди изненадување на фановите. Во спотот, 29-годишниот пејач откри дека со саканата Сузана очекуваат дете.

На почетокот од спотот има неколку инсерти од секојдневието на вљубениот пар – како јадат во ресторан, како вежбаат јога, како јаваат коњи…

Во спотот го има и видеото од страсниот бакнеж на парот на Billboard Latin Awards 2022 кое стана вирално.

Дури кон крајот од спотот се гледаат Малума и Сузана во лекарска ординација со што откриваат дека таа е бремена.

Додека ја гледа ехо-снимката, младиот пејач едвај ги додржува солзите.

Во следната сцена се гледа како среќниот пар ги споделува вестите со нивните сакани, а во неколку инсерти се гледа и трудничкото стомаче на Сузана.

Според видеото, Малума и Сузана очекуваат девојче.

Не е познато дали парот избрал име, но во спотот се гледа како и двајцата носат ланче на кое пишува „Парис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MALUMA (@maluma)

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.