На љубовта на Џастин и Хејли Бибер ништо не ѝ можат ни сите синдроми и мозочни удари на овој свет (ФОТО)

Вљубени гулапчиња

Иако поминуваат низ тежок животен период, сопружниците си се најголема поддршка.

Џастин Бибер (28) беше фотографиран како оди во црква, фатен за рака со сопругата Хејли Бибер (25), неколку недели откако објави дека има редок синдром, кој му го парализира лицето, па затоа не може да трепка и да јаде.

Како што можете да видите, не можам да трепнам со едното око. Исто така, не можам да се насмевнам на едната страна од моето лице. Значи, имам целосна парализа на оваа страна од лицето“, вели Бибер и открива дека боледува од синдромот Ремзи Хант, пренесува „Дејли мејл“.

Повеќе информации за болеста на пејачот можете да прочитате ТУКА.

Дваесет и осумгодишниот пејач дефинитивно може да се потпре на својата сакана, затоа што парот пред неколку дена беше фотографиран како се гушка и бакнува за време на прошетката.

Инаку, и 25-годишната манекенка беше хоспитализирана во мај годинава поради сомневање дека доживеала мозочен удар.

За среќа, докторите брзо утврдиле дека проблемот се случил поради мало крвно згрутчување, а како што се наведува, тоа многу лесно може да биде последица на прележаната ковид-инфекција. Меѓутоа, збунувачки било тоа што ваквите случаи обично се поврзани со постари луѓе.

Повеќе за мозочниот удар на Хејли Бибер можете да прочитате ТУКА.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.