РОМАНТИЧНО: Прошетка со коњи… на плажа (ФОТО)
Ник Џонас и Пријанка Чопра им се пофалија на обожавателите
Популарниот пејач и текстописец Ник Џонас и актерката Пријанка Чопра во неделата уживаа во романтичен излет на плажата Карпинтерија, Калифорнија, јавајќи коњи.
Ник (27) на својот Инстаграм објави неколку фотографии од попладневното јавање со сопругата Пријанка (37), а објавата ја наслови Sunday и додаде емоции со црвено срце.
Двајцата изгледаат како да се на своја плажа, додека уживаа во мирна прошетка.
Прочитајте и: Познати личности што среќата во љубовта ја пронашле на социјалните мрежи
Фото: Instagram, Getty Images