Макфест 2023: Пајак и Лара се закитија со 2.000 евра, а Александар Тарабунов доби крилја и му ја летна! (ФОТО)

Ви пренесуваме дел од атмосферата

Во саботата во Штип се одржа втората фестивалска вечер од 38-то издание на фестивалот Макфест, која беше со ревијален карактер, а почна со виолини и неколку макфестовски хитови.

Водители беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а на црвениот тепих гостите ги пречекуваше Јана Бурческа.

Имавме можност да видиме познати музички имиња, впечатливи настапи и одлични аутфити. Па така, поп-пејачот Александар Тарабунов воодушеви со впечатливиот настап – леташе со крилја на сцената како тажен славеј.

Бојана Скендеровски, пак, блесна во прекрасна тоалета проткаена со бисери од модното ателје „Драма“ на Ивана Кнез.


Симона Поповска ја промовираше својата „Бакни ме за крај“ стилизирана како ангел.


Популарните Лара Иванова и Пајак се закитија со награда за најслушана песна за нивната „Бела“.

Фото: Printscreen Instagram Story

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.