Анастасија со моден детаљ кој беше хит пред 20 години: Ражнатовиќ изненади со аутфит, погледнете како и стои (фото)

Само таа може да се сети на вакво нешто...

Време и мода…

Анастасија Ражнатовиќ е една од најатрактивните пејачки на овие простори која редовно ги следи модните трендови. Сепак, Анастасија не се плаши да проба нешто ново или старо. Ражнатовиќ реши да ги потсети фановите на периодот пред 20 години со еден моден детаљ.

Имено, пејачката носи стегач-марама на главата, кој своевремено беше исклучително модерен, но и практичен, особено во зимскиот период.

Анастасија на својот Инстаграм профил објави фотографија и покажа колку добро и стои старо-новиот моден тренд.

Со оглед на бројот на следбеници што ги има на социјалните мрежи, не би било чудно доколку фановите многу брзо почнат да ја следат пејачката, а дали стегач-марамата ќе се врати во мода, останува да видиме.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.