Најдобрата и најнеобичната посна торта за Свети Никола: Вакво нешто не сте пробале!

Манастирска посна торта

Пригответе вкусен и посен десерт за Свети Никола

Состојки:

За првиот фил:

  • 200 г грав
  • 5 средни јаболка или дуњи
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1,5 шолја шеќер
  • 3 шолји мелени ореви

За вториот фил:

  • 1 поголема шолја варено жито
  • 3-4 лажици шеќер во прав
  • 2-3 лажици сок од компот

За кората:

  • 2,5 шолји брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажица мед
  • 1,5 шолја шеќер
  • 1,5 шолја вода

За посипување:

  • 0,5 шолја ореви
Приготвување:

Пред да го приготвувате колачот, пожелно е да ги подготвите гравот, житото и дуњите. Сварете го гравот во три води. Сварете го и житото. Сварете ги дуњите како за компот.

Сварениот грав сомелете го во блендер. Сварете ги дуњите во вода со малку екстракт од ванила. Кога ќе се сварат, процедете ги дуњите, па сомелете ги во блендер. Сочувајте ја водата од приготвените дуњи. Измешајте ги дуњите и гравот, па мешајте ги во тенџере на рингла за да се зготви добро смесата. Потоа, во таа смеса додајте мелени ореви.

Сомелете го и свареното жито со шеќер, па додајте му малку компот од сварените дуњи.

Кога ќе ги приготвите и двата фила, пригответе ја кората од брашно, сода бикарбона, мед, малку шеќер и вода. Измешајте го сето тоа, поделете го на два дела, па испечете 2 кори на 200 степени Целзиусови.

Врелите кори премачкајте ги со филот од жито. Преку првата кора и филот од жито додајте го филот од грав и дуња, па ставете ја втората кора, па повторно фил од живот и на крај додајте уште еден слој од филот од грав и дуња. Премачкајте ја тортата со преостанатиот фил и посипете ја со ореви.

Волшебна посна торта: Свечена, богата и сочна!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.