Според написите во странските медиуми, принцот Хари и Меган Маркл планираат да купат луксузна куќа во елитна населба во западен Ванкувер, Канада, чија цена изнесува 21 милион фунти.
Нивниот нов дом има четири ката, шест спални соби, пет бањи, а ѕидовите на едната страна од куќата се целосно со прозорци од кои се гледа прекрасната природа.
Луксузната куќа стара 108 години има вкупно 6.900 квадратни метри и поседува огромна градина, но и целосна приватност благодарение на ѕидови што ја опкружуваат.
Меган е заинтересирана за оваа куќа, која би била прекрасна за неа, Хари и Арчи“, изјавил извор од агенцијата за недвижни.
Инаку, „Би-би-си“ пренесе дека во соопштението од палатата, Меган и Хари веќе нема да можат да ги користат титулите, како и парите од јавните фондови.
View this post on Instagram
Фото: Getty Images, Instagram