Патрик Свејзи последните денови од животот ги поминал во пеколот: Сопругата го оставала да се „дави“ во сопствените фекалии

Ужасни детали

Актерот Патрик Свејзи важеше за еден од најголемите заводници во 1990-тите години, а најзначајната улога веројатно беше онаа во филмот „Валканиот танц“.

Патрик почина во 2009 година од карцином на панкреасот, на 58-годишна возраст, a неговиот животен пат воопшто не бил лесен.

Сакал балет и танцувал од дете, а откако го повредил коленото и морал да го оперира, сфатил дека повеќе нема да може да се занимава со танцот и така одлучил да биде актер.

Неговата прва улога беше токму во хит-филмот „Валканиот танц“ во 1987 година, а во 1994 година западнал во криза и му се одал на алкохолот откако сестра му се самоубила. 

Неколку пати бил на рехабилитација, но секогаш му се враќал на порокот.

Кога се разболел, долго време ја криешел својата дијагноза, а медиумите на крајот дојдоа до информацијата дека е болен и дека му остануваат само уште неколку недели од животот.

По неговата смрт, беа откриени страшни детали од неговата борба со подмолната болест.

Како што откриваат неговите пријатели за странските медиуми, неговата сопруга Лиса, за која Патрик изјави на времето дека му била инспирација да го напише хитот „She’s like a wind“, се однесувала многу лошо кон него и го држела како затвореник на ранчот, спречувајќи некој да дојде да го посети.

Наводно, Лиса го занемарувала штом помладиот брат на Патрик, Дон, ќе заминел од куќата. Не била дома со часови, а кога ќе се врател Дон, го наоѓал Патрик во фекалии и урина.

Кога Партик и Лиза ќе се скараа, му удираше шлаканици и го гребеше“, изјавиле неговите пријатели, тврдејќи дека таа наводно го изневерувала Патрик, но и дека врската не им функционирала дури и пред смртта на Патрик бидејќи Лиза наводно се обидувала да наметне целосна контрола врз актерот, пренесува „Еспресо“.

Исто така, се пишува дека Лиза придонела дотоа да тежи само 40 килограми, и дека дури им забранувала на семејстото и на пријателите да го посетуваат.

Семејството на Патрик, е повредено и луто и поради фактот што Лиза ги распродала сите сувенири од филмските сетови на актерот, вклучувајќи ја и кожената јакна од „Валканиот танц“.

Роднината на Патрик, Даниела Свејзи, како што пренесуваат медиумите, повела петиција за да зачува некои од тие вредни работи.

Видео: Јутјуб

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.