Исплива причината поради која Цеца го тужи Мили

Ѝ работел зад грб

Фото: Телеграф.рс

Во првата емисија од новата сезона на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, Цеца Ражнатовиќ, која е новиот член на жирито, откри дека таа и композиторот Александар Милиќ – Мили се поздравуваат само затоа што се цивилизирани луѓе, а инаку се во судски спор.

 

Која е причината, открива порталот „Свет“.

Имено, проблемот настанал кога популарната пејачка увидела дека Мили се запишал како сопственик на фомограмите на сите албуми што ги сработел со неа. И тоа без нејзино знаење…

Договорот беше сосема поинаков, па затоа Цеца одлучи да ги собере адвокатите и да поведе судска постапка против својот соработник“, раскажува изворот за српски „Телеграф“ и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILIGRAM (@miligramofficial)

Проблемот е во тоа што лицето кое е сопственик на фонограмите има право да наплатува пари од сите дигитални платформи, со други зборови да профитира. Но договорот беше Цеца да има апсолутно право над сите песни сработени со Мили, затоа што му ги плати парите што ѝ ги побара за тоа, а таа сама ги финансираше албумите. Значи, Мили, како нејзин соработник, беше платен за својата работа онолку колку што беше договорено. Меѓутоа, тој без знаење на Цеца се запишал како сопственик на фонограмите, а кога таа побара да ѝ го отстапи местото, тој ѝ побара надомест од неколку стотици илјади евра“, раскажува изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.