Оваа фотографија не ја знаете: Вака изгледаа Славица Ќуктераш и Жика Јакшиќ кога беа во врска (ФОТО)

Турбулентна врска

Малкумина се сеќаваат дека пејачката и водителот беа во љубовен однос.

На самиот почеток на кариерата и пред да го запознае поранешниот сопруг Владо Аврамов, Славица Ќуктераш беше во врска со 20 години постариот Жика Јакшиќ.

Како искусен шармер, Жика тогаш успеа да ја заведе пејачката, но со неа имаше и многу турбулентна врска. На Инстаграм се појави нивна заедничка фотографија од времето на нивната љубов, а Жика никогаш не криеше дека бил лудо заљубен во пејачката, на која на почетокот на кариерата доста ѝ помагаше.

Таа е можеше многу повеќе да направи во музиката. Не криевме дека бевме во врска бидејќи тоа беше љубов, но заврши. Славица ми е драга и за неа ме врзуваат убави спомени, изјави Жика.

Славица по врската со Жика се омажи со фудбалерот Владо Аврамов, со кого има ќерка и од кого се разведе пред две години, додека Жика се ожени со водителката Дајана Пауновиќ, со која го доби Душан, но ни тој брак не беше успешен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.