Кевин Спејси обвинет за уште седум сексуални напади врз маж: Откриен идентитетот на жртвата и што се случило

Лошо му се пишува

Против славниот актер денес покрената е тужба за седум сексуални обвинувања.

Минатиот месец, актерот е прогласен за невин за обвинувањата кои против него ги покрена Ентони Рап, кој тврдеше дека Кевин Спејси сексуално го нападнал.

Спејси сега се соочува со дополнителни казнени пријави за низа сексуални напади врз еден маж помеѓу 2001 година и 2004 година според CPS. Следува преглед на доказите кои ги собра метрополитанската полиција во својата истрага.

Розмери Ејнзли, која се наоѓа на чело на Одделението за посебни злосторства CPS го изјави следново:

CPS ги одобри дополнителните казнени пријави против Кевин Спејси за повеќе сексуални напади врз еден маж меѓу 2001 и 2004 година.

CPS исто така одобри уште една тужба за принудување на една личност на сексуална активност без нејзина согласност. Овластувањето за покренување тужба следи по прегледите на доказите кои ги собра метрополитанската полиција во својата истрага, пренесува „Сан“.

Од обвинителството порачуваат дека процесот против Спејси е активен и дека актерот има право на правично судење. Истакнато е дека на Интернет не смее да има коментари, известувања или ширење на дезинформации кои би наштетиле на судењето, наведува „Сан“.

Функцијата на CPS не е да одлучи дали личноста е виновна за кривичното дело, туку да донесе правична, независна и објективна проценка за тоа дали е примерно да се покрене тужба за која ќе одлучи судот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.