Ова е причината поради која девојката на Кијану Ривс не сака да ја бојосува седата коса

Сите ја критикуваат дека изгледа постара од него

Фотографијата на која популарниот холивудски актер Кијану Ривс позира со својата девојка Александра Грант (46) предизвика големо внимание во јавноста, пред се’ поради изгледот на избраничката на еден од омилените актери.

Имено, таа изгледа многу постаро од Кијану, пред се’ поради седата коса, за која неодамна откри зошто не ја бојосува.

 

Јас побелев пред време, уште во раните 20-ти, бидејќи ја фарбав косата со секоја боја што ќе ја најдев, се’ додека станав интолерантна на токсичноста од нив. Во 30-тите ја пуштив косата да стане ‘руса’… Го сакам и го почитувам тоа што секоја жена може да избере како ќе изгледа во кое било време од животот. Ако жените страдаат од наметнати стандарди за убавина, ајде да разговараме за тие стандарди”, порачала таа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.