Инстаграм ја избриша фотографијата на популарниот музичар оценувајќи ја како вулгарна: „Што да правам кога сум ‘надарен’?!“ (ФОТО)

Обожавателите сметаат дека се работи за „полова дискриминација“

Музичарот Џејсон Деруло на својот инстаграм-профил објави фотографија која крена голем прав во јавноста. Иако голотијата не му е туѓа, бидејќи тој сè уште има едно од најдобрите тела во музичката индустрија, овој пат навистина „претера“ со споменатата фотографија.

„Добро утро“, напишал кратко, а на прашањето на една обожавателка што има во боксерките, тој кратко одговори: „Анаконда“.

Но, неколку дена подоцна, она што се случи беше она што многумина го очекуваа – Инстаграм ја избриша контроверзната фотографија, но Џејсон го коментираше овој потег во свој стил.

Не разбирам. Носам долна облека. Што да правам кога ми е толку голем“, искоментира тој, додека многу од неговите обожаватели се согласија дека станува збор за „полова дискриминација“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.