ОД САПИЕНС ДО ХОМО ДЕУС – ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВИЗИОНЕРСКИОТ ОПУС НА ЈУВАЛ НОА ХАРАРИ

iceberg

Издавачки центар ТРИ најавува уште едно, четврто по ред, издание на „Отворени предавања за отворени умови“ – овој пат посветено на издавачките феномени „Сапиенс“ и „Хомо деус“ на еден од најактуелните светски теоретичари и научници во моментов: Јувал Ноа Харари. Настанот „ОД САПИЕНС ДО ХОМО ДЕУС“ ќе биде обид за деконструкција на визионерскиот опус на Харари и ќе се одржи на 10 декември, во Јавна соба, од 18 до 20 часот.

Јувал Ноа Харари е еден од водечките интелектуалци на денешницата, визионерски историчар кој во светот стана познат по своите контроверзни книги насочени кон истражување на целокупното човеково искуство. Во своите книги „Сапиенс“, „Хомо деус“ и „21 лекција за 21 век“, продадени во над 15 милиони примероци и преведени на повеќе од 50 јазици,  нуди ново гледање на историјата, сегашноста и иднината на човекот, со тези кои на моменти звучат застрашувачки.

За најважните аспекти од делата на Харари ќе дискутираат експерти од повеќе области: д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал, експерт за медицински имиџинг, д-р Гордан Георгиев, доктор по политички науки, вонреден професор на Правниот факултет, д-р Милан Ѓорѓевиќ, вонреден професор при Богословскиот факултет, и Соња Андонова, преведувач на делата на Харари. Ќе се разговара за многу актуелни општествени, филозофски и научни прашања, за човечкото искуство, религијата, човечките емоции, свеста, со единствена цел – да ги отвориме нашите умови за нови, поголеми вистини.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.