Ова е полусестрата на принцовите Хари и Вилијам за која никогаш не се зборува во јавноста: Еве зошто!

Лаура Лопез

Принцовите Вилијам и Хари имаат полусестра и полубрат, но Лаура Паркер Боулс не сака да се појавува во медиумите поради многу важна причина

Токму кога помисливме дека конечно дознавме сè за кралското семејство, како по обичај се појавува некоја нова приказна во јавност, која била криена од разни причини.

На пример, веруваме не сте знаеле дека принцовите Вилијам и Хари имаат полубрат и полусестра. Сепак, ретко се зборува за нив во јавност, а за тоа постои важна причина.

Имено, иако Камила Паркер откако се омажи за Чарлс стана ценета дворска дама, зад себе има бурно минато. Добро познато е дека ја криела врската со Чарлс сите тие години додека тој бил со Дајана, па откако Чарлс отишол на служење воен рок, од инат започнала врска со својот тогашен сопруг Ендру Паркер Боулс со кого добила две деца, син Том и ќерка Лаура.

Камила често била нарекувана „фатална освојувачка на мажи“, а и била неуморна кога станува збор за одење по забави.

„За неа не постоеше срам и никогаш немаше влакна на јазикот. Беше многу забавна и многу популарна меѓу мажите“, напишала Имоген Тејлор, која во својата книга открила пикантерии од животот на Камила.

Бракот на Камила и Ендру траел од 1973 до 1995 година, а со Чарлс официјално се смирила во 2005 година. Смирувањето на љубовниците не било добро прифатено во британската јавност, но двојката не обрнала внимание на тоа, па се венчале истата година.

Наводно, принцовите Хари и Вилијам добро ја прифатиле својата маќеа, а очигледно и децата на Камила го прифатиле Чарлс. Кралското семејство не ги спомнува, а и тие не сакаат да се експонираат во јавност, барем кога станува збор за Лаура.

Синот на Камила, Том, е угледен ресторански критичар и писател и редовно се појавува на британската телевизија. Често им се лутел на папараците што го следеле, но навикнал на нив.

Од друга страна, Лаура никогаш не ги прифатила озборувањата и трачовите за мајка ѝ и нивното семејство, и гласините многу потешко ѝ паднале нејзе одошто на Том. Па така, и ден денес стои понастрана од објективите.

Исто така, Лаура своевремено морала да се раздели од семејството некое време за да ја заштитат од медиумите и од насловните страници, што исто така многу тешко ѝ паднало, но денес има свое семејство и очигледно ѝ годи анонимниот живот.

Само Камила ја сакала Меган Маркл: Но поради ова, и таа засекогаш ја отпишала!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.