Тврдење на ендокринолог: Овој појадок го држи шеќерот под контрола и драстично го намалува ризикот од дијабетес!

Совет на експерт

Овој оброк освен што е одличен за луѓето што страдаат од дијабетес тип 2, добар е и како превенција

Дијабетес тип 2 предизвикува проблеми со производството на инсулин, а како резултат на тоа, шеќерот во крвта може да порасне до ризични ниво. Ако состојбата не се лекува правилно, можете да доведе до оштетување на нервите, па дури и до срцев удар.

Појадокот може значително да влијае врз намалувањето на нивото на шеќер во крвта, тврди докторот Мајкл Мозли. Но не е само важно што се јаде, туку и времето кога се појадува.

Истражувањето претставено на годишниот панел на Американското друштво на ендокринолози утврдило дека луѓето кои рано појадуваат, имаат понизок ризик да заболат од дијабетес тип 2.

Биле анализирани податоците на повеќе од 10.000 учесници во истражувањето и било утврдено дека првиот оброк во денот би требало да се изеде пред 8.30 часот. Луѓето кои рано појадувале имале пониско ниво на шеќер во крвта и помала инсулинска резистенција од оние што првпат јаделе по 9.30 часот наутро.

Како треба да изгледа првиот оброк наменет за дијабетичари?

Пред оброкот, а веднаш по станувањето, добро би било да испиете голема чаша вода. Потоа, следува оброк од внимателно одбрани намирници.

На менито треба да се најдат јајца, леб без глутен и салата од кисела зелка и динстан зелен зеленчук.

Доколку сепак ви се јаде нешто слатко, пригответе кашест сок од јогурт со пробиотици, овесна каша и зрнесто овошје.

„Јајцата би требало да бидат дел од исхраната, но најдобро е да се готват без да се додава сол или масло. На пример, варени или печени, без да додавате сол, изматени без путер и наместо павлака или полномасно млеко, користете такво со низок проценти на маснотии. Одбегнувајте да ги пржите јајцата, бидејќи тоа може да ја зголеми количината на масти за околу 50 отсто“, нагласува докторот Мајкл Мозли.

Овесот е исто така одличен избор за дијабетичари. Овесното брашно има низок гликемиски индекс, па помага во одржувањето на нивоата на глукоза. Овесната каша е богата со влакна, што значи дека може да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крвта, го олеснува варењето и го намалува гладот во текот на денот.

„Овошјето исто така може да биде одлична опција за појадок. Исхраната што содржи доволно овошје може да го намали нивото на шеќер во крвта, да го намали ризикот од вишок килограми, срцеви и мозочни удари. Плодовите содржат многу влакна и хранливи состојки што ги прави одличен избор за првиот оброк во денот. Додајте јогурт и малку јаткасти плодови кои ќе ви помогнат подолго да бидете сити“, додава докторот Мајкл.

Тој нагласува:

„Наместо бел леб, одлучете се за интегрална варијанта, како леб со семки од тиква, со житарки, соја и ленено семе. Овој леб е многу подобар избор за дијабетичари, но и за здравјето на дигестивниот систем.
Ваквиот оброк освен што е одличен за лицата што страдаат од дијабетес тип 2, добар е и како превенција, па им се препорачува на сите“, објаснува тој.

Јадете, а слабеете: Правилното време за појадок, ручек и вечера со кои лесно и брзо ќе ослабете
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.