Поранешниот сопруг на Гоца Тржан избоцкан со ножички од неговата девојка!

Вистинска драма се случувала во нивниот стан

Фото: Инстаграм

Поранешниот сопруг на пејачката Гоца Тржан, Иван Маринковиќ вчеравчер бил повреден во својот стан во Нов Белград, а повредите наводно му ги нанела неговата девојка Јелена Илиќ.

Имено, во полиција било пријавено дека на осмиот кат од зградата биле видени траги од крв, а на деветиот кат се слушала силна врева.

Веднаш се упатила полициска патрола каде констатирала повреди кај Иван нанесени од ножички.
Неговата девојка ја однеле во полициска станица, а Маринковиќ бил однесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

Инаку Иван и Гоца Тржан беа во брак неколку години, а од тој брак ја имаат ќерката Лена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.