Само Камила ја сакала Меган Маркл: Но поради ова, и таа засекогаш ја отпишала!

Повеќе нема ничија поддршка

Иако Меган била блиска со сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер-Боулс, по настаните во март 2020 година, кога со оваа постапка ја довела до лудило, војвотката од Корнвол одлучила да ја „прецрта“

Сè уште никој не знае дали Меган Маркл и принц Хари ќе се вратат во Велика Британија овој Божиќ, како и по повод големиот јубилеј на кралицата, но едно е сигурно: војвотката од Сасекс повеќе нема никаква поддршка во кралското семејство.

Иако Меган била блиска со сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер-Боулс, по настаните во март 2020 година, кога со својата постапка ја довела до лудило, војвотката од Корнвол одлучила да ја „прецрта“. Сега и да дојде во Велика Британија, Меган нема да има никој на своја страна, со оглед на тоа што со сите се има замерено.

И војвотката од Сасекс е свесна за напнатоста што постои помеѓу нив и остатокот од кралското семејство.

Сега е свесна дека нема да ѝ помогне ни Камила, која претходно ја сакала. Имено, токму втората сопруга на принцот Чарлс од самиот почеток ја поддржувала Меган, најмногу поради тоа што и самата поминала низ нешто слично. Токму поради тоа, сакала да ѝ помогне и да ја запознае со кралските протоколи и со сите правила. Двете дами често се дружеле, а имале и заеднички теми, како што е јогата и виното. Но 6 март 2020 се покажал како значаен момент и тоа откако Меган донела одлука што не ѝ се допаднала на Камила.

Како што открил биографот Ендру Мортон, тој ден Камила одржала важен говор по повод 10-годишнината на фестивалот што се одржал во Лондон, посветен на сите жени во светот. Наместо и самата јавно да ѝ даде поддршка во борбата за жените жртви од насилство, Меган Маркл одлучила да оди во националниот театар, инсистирајќи на тоа да се објават нејзините фотографии во сите медиуми.

Тој моќен говор, што требало да биде приоритет, паднал во втор план, а Камила тоа никогаш не го заборавила.

Најискреното интервју на принцезата Дајана за Камила Паркер: „Во нашиот брак отсекогаш бевме тројца!“ (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.