Омилените „пријатели“ повторно на малите екрани

Специјална епизода

Првата епизода на култната ТВ-серија „Пријатели“ се емитуваше во септември 1994 година, а последната во мај 2004 година, по 10 сезони. Во февруари годинава беше откриено дека обожавателите ќе можат да го видат својот омилен тим заедно во специјалната епизода што ќе се емитува на HBO Max.

Добра вест е што сите главни sвезди од серијата: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, ќе учествуваат во проектот.

Актерската екипа го потврди своето учество во февруари годинава со споделување на заедничка фотографија, која се појави на насловната страница на Ролинг стоун во 1995 година. Тие исто така ќе бидат извршни продуценти и секој ќе добие по најмалку два и пол милиони долари.

Специјалната епизода ќе биде снимена во „Студио 24“ на Ворнер брос во Бурбанк, Калифорнија, каде што и претходно се снимаше серијата.

Највозбудливо е што првпат сите ќе се собереме во една соба и ќе разговараме за серијата“, рече Кортни Кокс во една емисија. Ќе си поминуваме најдобро досега“, додаде таа, откривајќи дека главната постава се собрала само двапати откако завршила серијата.

Ќе биде одлично. Навистина не се собравме и, всушност, зборувавме за серијата и се сеќаваме на неверојатното искуство што го имавме”, заврши Кокс.

Оваа специјална епизода ќе биде достапна за гледачите во мај 2020 година. Услугите за стриминг ќе чинат 14,99 долари месечно и ќе ги прикажуваат сите епизоди на „Пријатели“, како и долгоочекуваните нови епизоди од серијата Gossip.

Според соопштението за печатот, епизодата Friends Reunion Special  ќе биде достапна за претплатниците веднаш штом ќе се започне стримингот на HBO Max.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.