Моника од „Пријатели“ изгледа сензационално на прагот од 7. деценија: Нема ни грам вишок!

Се соблекла во костим за капење

Актерката Кортни Кокс (59) ја покажала својата неверојатна става во видео на Инстаграм

Ѕвездата од култниот хорор-серијал „Врисок“ и ТВ-серијата „Пријатели“, Кортни Кокс, позирала во виолетово бикини додека се подготвувала за капење во ледена вода.

Актерката , сепак, се премислила и го избришала видеото, но нејзините следбеници успеале да направат бројни скриншотови.

Мајката на едно дете, која во јуни ќе наполни 60 години, се подготвувала да влезе во ледена вода пред својот дом.

Во спортската терапија, ледената бања, која понекогаш се нарекува ладна терапија, е режим на тренинг кој обично следи по период на интензивни вежби.

Актерката ја одржува својата одлична линија така што го започнува денот со вегетаријански шејк од краставици и спанаќ.

Исто така, многу често готви дома, а исхраната ѝ се базира на месо и зеленчук. Наместо обичен хамбургер, претпочита бургери од мисиркино месо.

Телевизиската икона, исто така, редовно зема витамини, пешачи и оди во вежбалница.

Во јануари го обележа Националниот ден на облекување на сопствените миленици, така што ги облекла своите две мали кучиња Лили и Бер во тематски костими.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Во натписот напишала:

„Тие го обожаваат овој празник!“

На видеото, едното кафено-бело куче е облечено во кариран костим, во кој изгледа како дедо со тркалезни очила. Другото нејзино куче било облечено како баба во розов фустан, со очила и бело џемперче.

Кортни Кокс е секогаш во кондиција: Ви откриваме како го постигнува тоа
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.