ЕКСКЛУЗИВНО: Карлеуша сними дует со американска раперка која соработува со Лејди Гага и Ники Минаж! (ФОТО и ВИДЕО)

Идат пари...

Кој е како неа…

Јелена Карлеуша снимила дует со светски познатата раперка Трина, пишуваат медиумите од регионот.

Поп-ѕвездата оствари соработка со големата светска ѕвезда која во досегашната кариера, меѓу другите, соработуваше и со Лејди Гага и Ники Минаж.

Поп-ѕвездата со години го најавуваше својот пробив на американскиот пазар, а сега дефинитивно реши да оди со полна пареа во остварувањето на таа цел и ги здружи силите со една од најпознатите женски раперки во светот.

„Јелена и Трина воспоставија контакт пред неколку години, кога американската раперка ја заследи на Инстаграм. Нејзините фотографии често и се допаѓале, а потоа и праќала приватни пораки во кои ја пофалила нејзината музика и стил на облекување. Јелена и се заблагодари, но тука не беше крајот на нивната комуникација, бидејќи и двете изразија желба за дует“, раскажува извор близок до Карлеуша.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И ИЗЈАВИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.