Адријана Лима: „Да се потрудиме да не ја изгубиме надежта во овој тежок период“

Убавата манекенка не ја губи надежта

Бразилската манекенка Адријана Лима испрати апел преку својот инстаграм-профил до своите следбеници да не ја губат надежта дека сплотени ќе успееме да ја надминеме моменталната криза во целиот свет – опасноста од коронавирусот.

Светот е во сериозна криза што се однесува на здравјето, па и екомонијата… Те тера да сфатиш дека залудно сме се грижеле околу површни работи, а забораваме дека нашето здравје е најважно. Да се потрудиме да не ја изгубиме надежта во овој тежок период. Заедно ќе го пребродиме и ова. Верувам во тоа“, порача Лима, а една обожавателка од Италија ѝ искоментира:

Бидете секоја секунда со оние кои ги сакате. Јас сум Италијанка и секој ден сме затворени. Не можеме да се видиме со момчето, девојката, семејството, пријателите. И така ќе биде минимум до 3 април. Тешко е бидејќи не излегуваме, но уште потешко им е на нашите во болница… Ве молам, не потценувајте го проблемот како што направивме ние на почетокот.. Превенцијата е клуч.. Земете ги Кина и Италија за пример и немојте да ги правите истите грешки. Ви зборувам од срце“.

Овој коментар, длабоко ја потресе Лима, па таа и одговорила на обожавателката и ѝ порача:

Ти праќам љубов и сила за тебе, твоите пријатели и семејството. Запомнете дека не сте сами.“

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.