Разговорот што би го воделе хороскопските знаци кога би се заглавиле во лифт

Се препознавате?

Дванаесетте знаци на Зодијакот се во лифт на еден голем хотел. Меѓутоа, лифтот се заглавува помеѓу два ката. Еве како би се одвивал нивниот разговор…

РАК: Што му стана?

БЛИЗНАЦИ: Опааааа, заглавивме!

ЛАВ: Ама ајде, комшија, што зборувате! Случајно застана.

ДЕВИЦА: Леле, кај најде баш сега!

ОВЕН: Да видиме во што е работата (ги притиска копчињата).

СКОРПИЈА: Еј, комшија, немојте толку силно!

ОВЕН: Ама ајде! Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме?

ТЕРЕЗИЈА: Комшија, смирете се! Не е време за расправија!

ДЕВИЦА: Тоа што сме заглавени – никому ништо. Знаете ли колку работа ме чека?

ЈАРЕЦ: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да паничиме, ајде да го направиме тоа што треба!

ВОДОЛИЈА: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, притиснете го црвеното копче, ве молам.

БЛИЗНАЦИ: Се разбира. Не реагира. Опааааа, ќе биде весело!

РИБИ: Види го ти него! Нему му е дури интересно!

СТРЕЛЕЦ: Зошто да не? Белки нема да плачеме?!

ЛАВ: Слушајте ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат?

ВОДОЛИЈА: Еве јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи.

БИК: Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата.

ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата).

ТЕРЕЗИЈА: Комшија, смирете се! Тоа не смеете да го правите, опасно е!

СКОРПИЈА: Ма, пуштете го! Гледате дека му фали нешто во главата.

ОВЕН: Слушај ти, битанго една! Ако сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш со почит кон попаметен од себе.

СКОРПИЈА: Со тебе можам да поприкажам и на еден посебен начин, а ако сакаш, можеме и овде во лифтов.

ЛАВ: Господа, не дозволувам такво однесување! Јас ја преземам работата во свои раце и сакам убаво да ме сослушате. Прво, смирете се!

РАК: Како да се смириме? Еве, веќе половина час стоиме овде беспомошни.

ДЕВИЦА: Така е! Не сме ни свесни што се’ може да ни се случи.

СКОРПИЈА: Вие правете што сакате, јас повеќе не можам да издржам. Морам да запалам цигара.

РАК: Леле, немојте! Ќе се задушиме, човече!

ДЕВИЦА: Побарајте го отворот за вентилација, овде веќе не може да се дише!

ОВЕН: Ајде да пробам уште еднаш!

СИТЕ ОСВЕН СТРЕЛЕЦОТ: Не!

СТРЕЛЕЦ: Се согласувам со комшијата Овен. Ако со шутирање ја скршиме вратата од лифтот, ќе можеме да се спуштиме еден кат подолу и да излеземе од лифтот.

ЈАРЕЦ: Немојте комшија! Тоа не доаѓа предвид.

РИБИ: Така е! Кој знае што се може да ни се случи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот.

ТЕРЕЗИЈА: Комшија, што мислите вие за ова?

БИК: Мене ме прашувате?

ТЕРЕЗИЈА: Да. Гледам стоите мртов ладен.

БИК: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е време за ручек, а тогаш не размислувам за комплицирани работи.

БЛИЗНАЦИ: Зошто се грижите? Имам карти за играње, па можеме да изиграме некоја партија. Да делам?

РАК: Вие не сте нормален!

ЈАРЕЦ: Комшија, бидејќи го изедовте сендвичот, а рековте дека имате решение, ајде да го слушнам.

БИК: Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе)

РАК, ДЕВИЦА и РИБИ: Леле, што е ова?

БЛИЗНАЦИ И СТРЕЛЕЦ: Почнува вистинската забава!

ВОДОЛИЈА: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја.

СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.