Откриена причината поради која Огњен Амиџиќ заврши во болница

Деталите од здравствената состојба на водителот

Популарниот водител на „Амиџи-шоу“, Огњен Амиџиќ е примен е во КБЦ Бежаниска коса со воспаление на двете белодробни крила.

Медиумите првично ги преплави веста дека Огњен е наводно позитивен на коронавирусот, но излезе дека информацијата е неточна, а дека водителот е примен во болница од превентивни причини.

Како што дознаваат српските медиуми, Огњен вчера е примен во болницата поради благо воспаление на белите дробови. Тестот на коронавирусот е негативен, а водителот се чувствува добро.

Добро се чувствувам. Примен сум во болница бидејќи лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба“, рекол популарниот водител.

Фото: Мирко Табашевиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.