Катарина Грујиќ и Огњен Амиџиќ снимија дует: Познатото дуо повторно ги вкрсти гласовите, слушнете го новиот хит (ВИДЕО)

Кој е помоќен вокал?

Амиџи се докажа во музиката, но дали Груиќ ќе се обиде како ТВ водителка?

Катарина Грујиќ и Огњен Амиџиќ повторно ги вкрстија гласовите по хитот „Vino po vino“ кој го отпеаја пред три и пол години!

Популарното дуо сними уште една песна, која водителот за прв пат ја промовираше во емисијата „Амиџи шоу“.

Песната „Pesma za bakšiš“ ја напиша Огњен Амиџиќ, а според многумина ќе биде вистински хит!

„Песната е брза и динамична, како јас и Огњен, но и повеќето млади луѓе кои сакаат излегување, ноќен живот, музика… Ако го слушнете текстот, ќе видите дека е сериозна песна која ја опева љубовта, но и за личност која ви го збунува умот, ја поместува земјата под нозете и после тоа веќе не сте исти. Песната те тера да пиеш и пееш во кафеана, а се покажа дека луѓето на такви хитови даваат и голем бакшиш. Иако изгледа несериозно, всушност има порака“, вели пејачката.

Пејачката и водителот за оваа песна снимија и спот кој можете да го погледнете во продолжение:

Фото и видео: Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.