Мислењата се поделени: Каков е вашиот став за ова модно издание на Анџелина Џоли? (ФОТО)
Моден погодок или тотална утка?
Холивудската актерка Анџелина Џоли неодамна беше „уловена“ за време на шопингот со своите ќерки Захара Марли (16) Шајло (14). Трите дами купуваа во еден етиопски бутик.
Анџелина секогаш спомнуваше дека ќе стори се за нејзините посвоени деца да не го заборават своето потекло и земјите од каде доаѓаат, па со нив редовно ја посетува Етиопија, каде што е родена Захара.
За оваа пригода, актерката избрала елегантна комбинација во бела боја – класичен фустан со дискутабилна должина до средина на листовите, на стапалата носеше ниски кожени, бели папучи, а тука беше и бела кожена чанта на „Кристијан Диор“.
Кројот на фустанот е малку „старомоден“ и многу жени денес го избегнуваат бидејќи навистина не ѝ ласка на фигурата.
Фото: Getty Images