Дали ви е позната фацава: Никол Шерзингер го „измори“ момчето, па го објави на Инстаграм (ФОТО)

Фото: Getty Images

Сексапилната Никол Шерзингер често објавува нови фотографии со нејзиното момче Том Еванс на својот инстаграм-профил.

Но изгледа дека овој пат Никол претерала малку, а тоа може да се забележи од лицето на Том на нивната последна заедничка фотографија.

Имено, Никол на шега напишала коментар под една од последните објавени фотографии дека на нејзината посилна половина и е веќе „лошо“ од постојано фотографирање додека одмораат на егзотичните острови Туркс и Кајкос, за што сведочи неговиот израз на лицето на последната од трите фотографииобјавени на нејзиниот инстаграм-профил.

 

Кога вашето момче ќе се измори од истото селфи направено по милион пати“, се пошегува пејачката во описот на фотографиите.

„Ха ха ха, се обидува првите десет секунди“, „Жал ми е за сите момци, вклучувајќи го и моето“, „Вие сте најслаткиот пар досега“, „Ова е смешно“, „О Боже, колку пати мораше да се намести за да изгледа така“ „Ха ха, неговото лицзборува сè“, „Премногу сладост на овие фотографии“, се некои од коментарите што ги доби од обожавателите.

Инаку, Никол е во врска со Том од 2019 година откако се запознаа на снимањето на шоу за таленти, во кое тој се појави како натпреварувач, а Никол седеше во жирито.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.