Дојде во емисијата облечена како СИРЕНА, па ТРЕСНА на земја! (ФОТО)

Риба на суво

Судијата на американскиот „Идол“, пејачката Кети Пери падна од столчето во програмата во живо!

Имено, Кети Пери беше облечена како Ариел од цртаниот филм „Малата сирена“, па перките веројатно влијаеле да ја изгуби рамнотежата и да се преврти од столчето на подот.

Додека водителот Рајан Сикрест сакаше да го претстави настапот, слушна силен тресок и камерите брзо се префрлија за да снимат што се случило.

Преостанатите членови на жирито веднаш ѝ помогнаа да стане, што не ѝ беше лесно поради костимот што го носеше, а кој верно ја отсликува познатата хероина на Дизни.

За среќа, Кети не беше повредена и брзо продолжи со снимањето на шоуто. Таа го сподели видеото на својот инстаграм-профил, истакнувајќи дека со перките не можеш да стасаш предалеку кога си на суво, а тоа се стихови од песната Part of Your World, која може да се слушне во „Малата сирена“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.