Лоши вести: Македонија последна според обложувалници, а погледнете за кого прогнозираат дека ќе победи!

Да се надеваме на поинакви резултати...

Фото: Инстаграм

Пред неколку дена започнаа првите проби за овогодинешното издание на Евровизија која се одржува во Торино, Италија. Се очекува настап на вкупно 40 држави поделени во две полуфинални вечери.

Како и секоја година и оваа обложувалниците прогнозираат кој би можел да победи, а мора да се напомене дека во последните години го погодувале резултатот.

Фото: Инстаграм

Како сега стојат работите најголеми шанси за победа има Украина, дури 43%, но мора да се напомене дека ова најверојатно е резултат на тамошната војна. Победата на Украина, според одредени мислења, ако се земе предвид состојбата на земјата се минимални, но пласман меѓу првите места е загарантиран.

Македонија според предвидувањата засега е на последното 40 место, без шанси за пласман во финале.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.